Регион

Во судар на голф и трактор загина младо момче кај Сушица-струмичко

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава во 4 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај местото викано Сушичко стопанство.

Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале автомобил „Голф“ управуван од Р.П. (46) од Василево и трактор во кој се превезувале повеќе лица. На самото место загинал Д.Р. (24) од делчевско Вирче.

Полицијата е на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Препорачуваме:

Струмичани се навикнаа да користат торби за пазарење (ВИДЕО)

Ivana Vangelova

Советот на Општина Гевгелија одобри финансиски средства за лекување на Луна Поп-Костова

Ѓ. K.

„Каде живеам“ нов серијал емисии на ВИС

Сузана Мицева