Регион

АВМУ и во анализата на медиумскиот пазар потврди – Канал ВИС најгледана регионална телевизија во Југоистокот

ТВ Канал ВИС е најгледана телевизија во југоистокот, покажа анализата на пазарот на аудио и аудиовиузелни медиумски услуги за 2016 што ја направи државната АВМУ а ја објави на својата официјална веб страна.

Според објавените податоци на Агенцијата каде прави целосна анализа на медиумскиот пазар во земјава, ТРД  Канал ВИС има највисоки проценти во просечниот неделен досег, уделот во гледаноста во регионот но и во вкупната гледаност на ниво на држава .

Споредувајки ги резултатите Канал ВИС  има  двојнопоголема гледаност од  останатите две регионални телевизии кои зрачат во југоистокот класифициран како регион  Д4 Боскија.

Според  АВМУ , Канал Вис во регионот Д4 каде спаѓаат општините од Југоистокот ( Конче, Радовиш, Василево, Струмица, Босилово, Ново село, Валандово, Богданци, Гевгелија и Дојран) има 3,79 процентни поени гледаност,  што е двојно повќе од  Кобра која има 1,66 проценти поени гледаност и Телеканал А1 кој има 1,49 проценти поени гледаност.

Според овие податоци, граѓаните од југоистокот најмногу ги гледаат програмските содржини што ги нуди Канал ВИС тргнувајки од информативните, забавно рекреативните  и спротските содржини во одност на останатите телевизии

Според  податоците на АВМУ  на ниво на цела држава,  Канал ВИС е трета најгледана регионална телевизија во Македонија што емитува програма на македонски јазик

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелени медиумски услуги за 2016 и гледаност ана медиумите за минатата година можете дја видете на следниот линк

http://www.avmu.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3317%3A-2016-&catid=88%3Asoopstenija-media&Itemid=313&lang=mk

Препорачуваме:

Струмица ќе ги субвенционира домакинствата со 100 евра за приклучок на гасоводот

Шеесет штеки цигари марка Marlboro без акцизни маркички откриени на граничниот премин Богородица.

Стојне Митева

Започнаа јавните собири, градоначалникот се сретна со соработници од Вељуса, Водоча и Баница

Ѓ. K.