Регион

Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип

Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип на три пунктови од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица.

Од Центарот информираат дека интересот на граѓаните за вакцинирање е ист како лани, а најголем е кај граѓаните на возраст над 65 години.

– На располагање имаме 2.600 вакцини од кои 2.400 се за Струмица, а 200 за Валандово. Покрај највозсрасната група граѓани, бесплатна вакцина примаат и хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата од 6 месеци до 5 години, информира директорот Петре Витанов.

Покрај интересот за бесплатното вакцинирање, голем интерес има и за комерцијалните вакцини за кои се плаќа 800 денари.

Вакцинирањето против сезонски грип во Струмица почна на 25 октомври.

Извор.

Препорачуваме:

ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА МЛАДИ “ЏИФОНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА“

Стојне Митева

Ќе се гради откупно дистрибутивен центар во Струмица

Стојне Митева

Четири комбиња од струмичко вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Ване Трајков