• Mon. May 20th, 2024

ТППЕ Радовиш доби донација – техничка опрема од НАТО контингентот преку Американската амбасада

ByЃ. K.

Oct 31, 2023

Денес, ТППЕ Радовиш доби донација на противпожарна опрема од страна на НАТО контингентот преку Американската амбасада во Скопје.

Опремата се состои од: противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже, клешти, пила и др.), противпожарни огноотпорни одела (скафандери), балаклави и носачи за белодробен апарат со маска.

ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици, кои беа опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот, со цел помагање на единиците во однос на опременоста за ефикасното извршување на интервенциите.

By Ѓ. K.