Регион

Во прекин железничката линија Гевгелија – Велес: се патува до некаде со воз, па се продолжува со автобус

Поради напукнат бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 1.:25 часот – и патничкиот и товарниот.

Железниците информираат дека патувањето сепак се одвива со премостување со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, а од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак – патниците се превезуваат со автобуски превоз.

Планирано е експерти од Градежниот факултет во Скопје во текот на денешниот ден да излезат на терен за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.

Препорачуваме:

Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи е продолжен до 25 август

Сузана Мицева

ВИДЕО: Контроли на учесниците во сообраќајот ќе има и наредниве денови – најави МВР

Промовирана „Режисерската поетика на Бранко Ставрев“ од Иван Ивановски

Dimitar Micev