Регион

Во недела ,,Чисти ридови за сите’’ во Струмица, Босилово, Ново Село и Василево

Граѓанскиот сектор заедно со општините и комуналните во недела ќе реализираат еко акција за чистење на повеќе локации во струмичко кои се сметаат како приоритетни за почиста животна средина. Станува збор за еко акцијата ,,Чисти ридови за сите’’ втор дел кој сега се проширува и на локации во општините Босилово Ново Село и Василево а на која ќе се приклучат и училиште, спортски клубови и приватни фирми

Во Струмица ќе се чисти на локалитетите Чам Чифлик и Св. Илија а заинтереисраните ќе тргнат од СОУ Никола Карев. Во општина Босилово ќе се чиси на просторот кај манастирот кај Хамзали и околу  брана Иловчанка. Во општина Ново Село се планира да се чисти кај Мокринските извори, Колешинските водопади и кај браната Новоселка, додека во општина Василево е планирано да се чиси кај  брана Турија.

На 13 ти март околу илјада садници црб бор, багрем и чемперс беа засадени на две локации над Струмица во рамките на акцијата ,, Градот заслужува да дише’’ кој ја иницираше граѓанската ,,Стига е’’ ,, Здрава котлина” и ,, Еко долина” а на која се приклучија голем број граѓански организации и струмичани .  Се пошумуваше кај Чам Чифлик но и на местото каде се случи големиот шумски пожар во 2012

Препорачуваме:

ВИДЕО: Двете централни училишта на оштина Василево подготвени за настава со физичко присуство

СЕММ повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста

Стојне Митева

Огновите на отворено ја зедоа првата жртва во југоистокот, старец се задушил кај Ѓавато