Регион

Огновите на отворено ја зедоа првата жртва во југоистокот, старец се задушил кај Ѓавато

На 19.03.2019 година во 18:40 часот во Полициска станица Богданци било пријавено дека Б.В (78) од село Ѓавото, општина Богданци, бил пронајден починат во нива лоцирана во место викано „Парагон“ атар на село Ѓавото.  Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. По преземени мерки било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството

На 18.03.2019 година во 09:00 часот во Полициска станица Радовиш С.Ј (69) од село Ораовица радовишко пријавил дека во временски период од 13.03.2019 до 17.03.2019 година настанал пожар во нива лоцирана во место викано „Долни лаки“ атар на село Ораовица, во кој му биле опожарени 120 стебла канадска топола. Од страна на увидна екипа од Полициска станица Радовиш извршен е увид на лице место.

Поради зачестените полски и шумски пожари деновиве, Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел и предупредување до сите кои работат или се движат на отворен простор да не палат огнови. Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација.

Препорачуваме:

Земјоделството на удар на климатските промени

Dimitar Micev

„Спас за Гевгелија“ бара воведување на мерки поради канцерогениот чад кој се шири од запалената депонија

Стојне Митева

ВИДЕО: Монтирана е модуларната болница во Гевгелија