Регион

Во Народниот театар во Гевгелија ќе се прикажува романтичната комедија „Нешто слатко“

Денеска (6 декември 2023 година), во Народниот театар – Гевгелија, ќе се прикажува филмот – романтична комедија „Нешто слатко“, во којшто играат Сашко Коцев и Јелена Јованова – Периќ, со почеток во 19:00 часот. Влезот чини 150 денари.

Режијата е на Тин Водопивец, а продyкцијата на Процес К ДООЕЛ Скопје.

Според режисерот Водопивец, кој исто така игра во комедијата, идејата им била да направат филм за луѓето, кои кога ќе го гледаат, ќе заборават на сè. „Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг-конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа, таа му наоѓа замена – локален слаткар којшто личи сосема на него.

Препорачуваме:

Опожарени овошен насад и тополи во атарот на село Покрајчево, радовишко

Ѓ. K.

Се асфалтираат 7 километри од патот Плачковица – Радовиш

Ване Трајков

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Ване Трајков