• Sun. May 19th, 2024

Опожарени овошен насад и тополи во атарот на село Покрајчево, радовишко

ByЃ. K.

Feb 7, 2024

На 6.2.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар на место викано „Миленковица”, атар на село Покрајчево, радовишко, во кој биле опожарени овошен насад и тополи, сопственост на Б.С.(55) од село Покрајчево.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

By Ѓ. K.