Регион

Во Гевгелија одржано предавање на тема: „Историја на македонските жени во XIX век“

Во рамките на културно-уметничката програма „Гевгелиско културно лето“, во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, се одржа предавање на тема: „Историја на македонските жени во 19. век“. Низ темата водеше проф. д-р Славчо Ковиловски од Институтот за македонска литература, презентирајќи ги познатите и непознатите македонски жени коишто оставиле своја трага во книжевноста, во образованието, во револуционерното движење, односно во јавниот живот во Македонија во 19. век, потркепено со архивски материјали, односно фотографии, писма и написи во тогашниот печат кои ги прикажуваат најразличните аспекти од животите на македонските жени во овој период.

Во оваа група жени, Ковиловски ги спомна: Митра Миладинова, Сирма војвода, Славка Динкова, Јанка Каневчева, Евтимица Јанчева, Анастасија Милошова, жените од фамилијата Робевци и други. Во книгата се спомнуваат и голем број народни пејачки од сите краеви на Македонија, Дафина од Серско, Парашкева Сирлешчева од Банско, Депа Каваева од Струга, Ѓурѓа Котева од Прилеп, Илина Везинковска од Крушево, Арса Стрезова од Охрид.

– Дел од овие учителки, револуционерки, богати граѓанки и сиромашни селанки оствариле значително влијание на просторот на кој живееле и делувале. Скриената историја што се наоѓа во македонските и странските архиви ни овозможува да се запознаеме со нивните животи, односно со нивните надежи, барања, стравови, очекувања, желби, радосни мигови и трагедии, истакна Ковиловски, кој ја истражува улогата на македонската жена во 19. век, век во кој жената минува низ процес на преминување во субјект.

Препорачуваме:

Видео: Засилени полициски контроли во струмичките училишта

Сузана Мицева

Дирекцијата за заштита и спасување алармира за опасност од пожари

Сузана Мицева

На локации во Струмица ќе има посебен режим на сообраќај