• Sun. May 12th, 2024

Видео: Засилени полициски контроли во струмичките училишта

Засилени полициски контроли во струмичките основни и средни училишта. По двајца полицајци се определни за обезбедување  на училиштата. Директорите биле известени дека контролите ќе ги има во следниот период  но не им е прецизирано како ќе се одвива следната учебна година.

Граѓаните се согласуваат дека по маскрот во училиштето во Белград и пријавените инциденти од ученици во македонски училишта, безбедноста треба да биде на повисоко ниво.

Од МВР велат дека одлуката е донесена уште пред неколку месеци кога почнаа лажните дојави за бомби во училиштата и се спроведувале во голем број градови во државата. Освен патролирање и контрола во училиштата како дел од мерктие за безбедност се прегледувале и возилата со кои учениците патуваат до училиштето.