Регион

Во Гевгелија обновено детското катче

Детското катче во центарот на Гевгелија е проширено, обновено и збогатено со нови играчки. Едно од најпосетуваните места од страна на најмладите, доби зелена подлога, но и нови играчки. На тој начин детското катче претставува урбан простор кој ги обезбедува сите услови за рекреација на најмладите.
Инаку, во рамките на акцијата за обновување и уредување на нови детски игралишта на територијата на цела општина, во Давидово детското игралиште е подновено со нови играчки, додека пак во Милетково освен обновата на постојното катче за забава на децата, во дворот на самото училиште се поставени нови лулашки, клацкалки и вртелешки. Претходно беше збогатен и доопремен детскиот парк во Миравци. Исто така, уредено е детско катче и во училишниот двор во Смоквица.
Во акцијата се вклучија општинските основни училишта во населените места, дел од опремата е подготвена и инсталирана во ЈПКД„Комуналец“, а истовремено општина Гевгелија распиша посебен тендер и избра најповолен изведувач за поставување на урбана опрема во детските игралишта.
Паралелно со уредувањето на урбаната опрема во детското катче, крај шеталиштето во Гевгелија, ЈПКД„Комуналец“ започна со реконструкцијата и профункционирањето на фонтаната на шеталиштето, пред хотел „Аполонија“.

Препорачуваме:

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЗБРАТИМЕНИОТ ТЕТЕВЕН И АМБАСАДОРОТ НА Р. БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Стојне Митева

Училиштата во Висока Маала и Миравци заедно ќе спроведуваат проект за мултикултурализам

Сузана Мицева