Регион

Владата усвои нов текст на законот за медицински канабис

Владата усвои нов текст на законот за медицински канабис

Посебна Агенција да го контролира одгледувањето на медицински канабис, а фирмите што ќе се занимaваат со оваа дејност секоја година да ѝ плаќаат на државата по 10 % од добивката. Ова се дел од решенијата предвидени во новиот предлог- закон за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанции, кој помина на Влада. Според Премиерот Зоран Заев, преку ваквиот вид на инвестиции ќе се отворат нови работни места со високи плати.

Самата агенција ќе биде воспоставена за да го штити на крајот на денот и имиџот на државата затоа што сакаме преку ваквиот вид на инвестиции да акумулираме многу нови работни места, но и со дополнително БДП и тоа многу сериозен, проценките се 250 милиони евра. Трето се даваат квалитетни плати, просечно платата таму е 700 евра заради тоа што е профитабилна дејност. Значајна работа е и што 10 проценти од трошоците од вкупните фактури кои ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата.

Парите што „ќе легнат“ на државна сметка, би се распределувале за проекти од јавен интерес, како што се поддршка на фондот за ретки болести, медиумскиот фонд, како и програмски приоритети во спортот, културата и граѓанскиот сектор.

Препорачуваме:

Сѐ уште не е почната изградбата на откупен диструбутивен центар во Струмица

Сузана Мицева

Општина Струмица одржа чествување по повод 152-годишнината од денот на раѓањето на Гоце Делчев

Ѓ. K.

Струмичкиот митрополит Наум го одбрани вториот докторат на Институтот за психологија

Ѓ. K.