Македонија

Владата со кампања за штедење струја

При промовирањето на информативно-едукативни активности под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, портпаролот Душко Арсовски, наведе примери за заштеда на електрична енергија и упати апел за рационално користење на ресурсите, со што ќе се овозможи намалување на сметките како и зголемување на конкуренцијата на претпријатијата.

„Во овие информативни материјали содржани се корисни информации за граѓаните како поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да ја штедат.

Ќе наведеме неколку корисни примери:

Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90% електрична енергија.

Одржување на температурата на 22 C наместо на 25 C заштедува до 10% електрична енергија.

Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка.

Ова се неколку навидум мали промени, меѓутоа ако ги применуваме сите ќе имаат големо значење за енергетскиот систем.

Според некои експертски анализи, доколку се почитуваат овие и други препораки може да се заштеди електрична енергија и до 50%“, посочи Арсовски.

Во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа. Како што претходно информиравме, заштедата на државните институции кои почнаа да го применуваат овој план изнесува околу 20 проценти.

На прес-конференцијата соработникот за енергетика го соопшти дневниот енергетски биланс за претходното деноноќие и за покривањето на потребите од електрична енергија на регулираниот пазар. Тој информираше дека вкупното производство на електрична енергија од ЕСМ, за вчерашниот ден изнесува, 10.786 MWh електрична енергија со 3.110 MWh набавена електрична енергија. Во термоелектраните произведени се 7.834 MWh електрична енергија, а во ветерниот парк Богданци 2.952 MWh.

Препорачуваме:

Ковачевски: Јасната ЕУ перспектива за Македонија е од стратешко значење за регионот

Бугарско МНР: Подготвени сме да го потпишеме Протоколот според член 12 од Договорот со Македонија

Сузана Мицева

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите ја напушти Детската клиника

Сузана Мицева