• Wed. May 15th, 2024

Малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од родителите ја напушти Детската клиника

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информира преку својот фејсбук профил, дека малиот Илче од Охрид ја напушта Детската клиника.

„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!“ – пишува Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *