Македонија

Владата засега нема нови мерки против инфлацијата

Засега нови мерки за намалување на инфлацијата Владата нема да објавува, а за понатаму, ќе се прави проценка. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со субвенционираната струја која Владата, ја понуди на прехранбениот сектор цените на храната се намалиле од 5 до 12%.

„Мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и своја расходна страна и ако постојано ја зголемуваме расходната страна, а ја намалуваме приходната страна, тогаш тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот…“, рече Ковачевски.

Во меѓувреме, на неколку пати производителите на храна потенцираа дека скапата струја им е само една од причините за зголемување на цените на своите производи. Од прехранбениот сектор велат дека уште голем финансиски проблем им се царините за увозните суровини кои ги користат во производството.

Препорачуваме:

МЗ: На клиниките за кардиохирургија и урологија во тек е трансплантација на срце и бубрези

Сузана Мицева

Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, за само 100 дена, издадени се осум решенија за​ отворање на нови градинки

БЕНЗИНИТЕ ПОКАПУВААТ ЗА 2, А ДИЗЕЛОТ 1,5 ДЕНАРИ