• Tue. May 14th, 2024

МЗ: На клиниките за кардиохирургија и урологија во тек е трансплантација на срце и бубрези

Министерството за здравство информира дека утрово на клиниките за кардиохиругија и урологија почна трансплантација на срце и бубрези од починат донор.

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези на 42-годишна пациентка која ја загуби битката со животот, а нејзина последна желба беше да ги донира своите органи. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои се на дијализа“, соопшти Министерството.

Почнувајќи од мај 2020 до сега се извршени експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега, едно коскено ткиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *