Регион

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово објави вест дека е извршена уште една успешна трансплантација на срце, донирано од 44-годишна пациентка.

„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем. Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот“, напиша Филипче.

Препорачуваме:

Градинката „Виножито“ готова-се чекаат согласности од две министерства

Сузана Мицева

СОУ Јосиф Јосифовски од Гевгeлија доби нова метеоролошка куќичка

Ване Трајков

Започна да се асфалтира делница на патниот правец од Иловица и Штука кон Турново

Ѓ. K.