Регион

ВК Актив во недела ја започнува еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“

На ден 31-ви март 2024 година (недела) со почеток во 10.00 ќе започне еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“.

Оваа година по четврти пат ја ВК Актив организира еко акција, а асега координирано во 4-те општини од струмичката котлина (општина Струмица, општина Василево, општина Босилово, општина Ново Село), акција која полека прераснува во убава традиција токму на почетокот на пролетта.

Еве ги локациите, каде ќе се спроведе акцијата:

Општина Струмица:
– групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10.00 часот од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат „Лозињата – Чамчифлик”, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште;

Општина Ново Село:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Новоселска брана” со почеток во 10:00 часот;

Општина Босилово:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Брана Иловица” и просторот околу манастирот во Хамзали, со почеток во 10:00 часот;

Општина Василево:
– еко акцијата ќе се спроведе на јавните површини во сите населени места, со почеток во 10:00 часот;

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

ВК Актив ги кани сите љубители на природата, кои сакаат почиста околина, кои се подготвени да одвојат дел од слободното време и да се вклучат во оваа акција и сите заедно и организирано да ѝ вратиме нешто на нашата прекрасна природа.

Препорачуваме:

„Здрава котлина“ најавува фронт против проблемот со депонијата кај Добрашинци

Извршена уште една трансплантација: Утрово срцето на 44-годишна пациентка почна повторно да чука

Стојне Митева

Втор ден штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај во целосен прекин

Ѓ. K.