• Sun. May 26th, 2024

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки што ги донесовме во однос на образовниот процес, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во видеообраќање до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

Тој вели дека секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел – заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата.

„Секоја одлука што ја донесовме е со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение“, потенцира министерот Филипче.ѓ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *