• Thu. May 16th, 2024

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во речиси 600 основни и средни училишта, кои поднеле барања за ваков тип настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици наставата ќе ја следат онлајн.

Учениците што немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование, часовите ќе може да ги следат на Македонската радио-телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

„Оваа година е поинаква од други. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“, напиша министерката заобразование, Мила Царовска, на „Фејсбук“.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди.

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат комбинирана настава.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *