• Tue. May 21st, 2024

Грција ја продолжува забраната за патување за државјани од трети земји до 12 октомври

Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври. Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на Ковид-19 на грчка територија.Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.Одлуката се применува во периодот од 1 до 12 октомври 2020 година. Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во Службен весник на Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *