Регион

Видео – Три дена нема ни трага ни глас од Мануела, дедо и Драги моли за вест

Заминала на училиште и не се вратила. Три дена нема ни трага ни глас од 17 годишната Мануела Пандева од Пиперево ученичка од средното училиште Димитар Влахов. Во понеделникот наутро тргнала од нејзиниот дом од Пиперево за да биде на школо прва смена, но не се појавила во училишните клупи по што и се губи секаков траг. Нејзините родители очајно ја бараат.

Била облечена во тексас  јакна, бела маица, фармерки и патики. Дедо и Драги Пандев бара било каква информација за внука си, која од дома заминала со 250 денари.

До понеделникот попладне нејзиниот телефон звонел но никој не се јавувал а од 17 часот мобилниот на Мануела е исклучен.

По објавувањето во јавноста дека е исчезната средношколка, до нејзините најблиски стасале повици дека наводно таа со камион автостопер се префрлила до Гевгелија. Други пак тврдат дека била видена во Росоман и наводно девојката се распрашувала каде е патот за Струмица, но Мануела не е пронајдена

Случајот го пријавиле и во полицијата. Од таму информираа дека се превземаат сите мерки за да се открие каде е младата Мануела.

Препорачуваме:

Поцков повикува на одговорно славење на празниците

Сузана Мицева

Ученици од Никола Вапцаров  од Струмица, на натпревар во Радовиш прогласени за најдобра математичка екипа од регионот

Ване Трајков

Oпштина Василево поставува атмосферска канализација за да се спречат поплавите во Градашорци