• Sat. May 11th, 2024

Видео – Трендафилов : Македонската ракометна селекција со Лазаров има потенцијал за изненадувања

Македонската ракометна селекција со победа го започна СП во ракомет во Франција.  Со резултат од 34:30 им се реваншираа на Тунис за неуспешниот  пласман на ОИ. Македонската селекција докажаа дека ракометот се игра 60 минути, па од -4 на средината од второто полувреме славеа со плус 4 разлика. Со ова победа Македонија ја отвори вратата за пласман во втората фаза од СП односно за пласман меѓу 16 те најдобри ракометни селекции во светот. На дуелот дебитираа многу нови играчи меѓу кои Кирил Колев и Благојче Трајковски кои беа голмани и за струмичкиот ракометен клуб. Ванчо Трендафилов смета дека ова селекција предводена од селекторот Лино Червар и големиот Кирил Лазаров  е спој на искусни и млади ракометари има шанси за изненадувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *