Регион

Видео: Реката Струмица излеана кај Зубово

Силните повеќедневни врнежи предизвикаа зголемени водостои на реките во целиот регион. Во струмичко најголем е водостојот на реката Струмица, но засега нема посериозни излевања. Камерите на канал Вис денеска во обиколка на струмичко. Забележани се одредени излевања на коритото на реката Струмица кај селото Зубово, но во поле каде нема насади и не се регистрирани штети.

Од утре ќе биде постудено,  ќе има намалување на температурите, со можност за појава на снег, иако во овој регион е помала веројатноста.

УХМР апелира до граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Препорачуваме:

Струмичките училишта поднеле барања за субвенционирана електрична енергија

Сузана Мицева

Приведени двајца криумчари, превезувале 87 мигранти

Ване Трајков

Преосветена Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија

Ване Трајков