Регион

Вечер завршува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Вечер завршува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Фестивалското жири, кое го предводи ланската лауретка, актерката Александра Пешевска и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски, вечер пред полноќ треба да одлучи кому ќе припадне златниот медалјон со ликот на Шишков и паричната награда во износ од 1.500 евра.

Фестивалот продолжи синоќа по тридневен прекин заради прогласената жалост во државата, а пред гледачите и жирито се претставија актерите на кумановскиот театар со „Драма изгубена во времето“ од Сашко Насев во режија на Владлен Александров. По нив на сцената се појавија актерите од тетарот од Плевен, Бугарија, со претставата „Човекот од Подолск“ од Дмитри Данилов, во режија Васил Василев. Претпоследната фестивалска вечер ја затвори претставата „Јами Дистрикт“ на Битеф театарот од Белград, Србија, во режија на Кокан Младеновиќ.

Вечер треба да се одиграат претставите „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во продукција на МНТ и „Три жени“ од Ведрана Клепица во режија на Роберт Рапоња во изведба на Тигар театар, Театар Форт Форно и Осиечко културно лето од Хрватска.

Препорачуваме:

Добро е да има ново лице за директор на ЦРЈПР, вели Сарамандов за смената на Ѓуркова

Ване Трајков

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Ѓ. K.

Приведен крадец од струмичко Смолари

Сузана Мицева