Регион

Верниците ја подготвуваат празничната трпеза- раздвижено во пазарите

На неколку денови пред Бадник и Божиќ, граѓаните почнаа во покупка на намирниците за традиционалната трпеза. Еве каква беше атмосферата на на градскиот пазар Глобал. Купувачи со полни ќеси кори, ореви, трговци со понуда за традиционалната бадниково-божиќна трпеза е денешната слика од градскиот пазар Глобал.

Домаќинките ги почнаа подготовките за Бадник, ноќта спроти Божик, Рождеството Христово. Посните јадења ќе ја украсат празничната атмосфера. Купувачите велат дека трпезата ќе тежи колку што дозволува домашниот буџет, a ќе има од се по малку.

Трговците очекуваат поголема фрекфенција на муштерии веќе од утре.

Според минималните пресметки, сметката за купување на основните празнични намирници секако се движи околу илјада денари, па нагоре.

 

Препорачуваме:

Краткиот филм „Farewell“ ја освои главната награда на 46-тиот државен натпревар за аматерски филм

Dimitar Micev

Црвениот крст од Струмица подготвен за прием на бездомни лица

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Стојне Митева