Регион

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека теренската вакцинација против Ковид-19 треба да почне од следната недела.

-Теренската вакцинација ќе ја организира секој директор на здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места, во руралните места, начинот на кој ќе се искомуницира и ќе почне од почетокот на следната недела, рече Филипче и изрази надеж дека со тоа ќе се зголеми опфатот со вакцинација.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека вчера имале состанок со директорите на сите здравствени домови.  – Оваа недела се вакцинираат нешто над 60.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација. Денеска завршува тој процес во повеќе здравствени домови, останува во спортските сали за масовна имунизација. Останува во Скопје, во Тетово и во Битола, рече Филипче 

Препорачуваме:

СДСМ победи во Струмица, Валандово, Богданци и Дојран, ВМРО ДПМНЕ во Босилово по првиот изборен круг

Струмичкиот театар има потреба од ангажирање момче на возраст од 7-8 години

Ѓ. K.

ВИДЕО: Струмичката болница бара персонал за ковид центарот, заразени нови три медицински сестри