Регион

Бучим и Боров Дол повторно започнуваaт со работа

Почнувајќи од 25.10.2022 (вторник) ДПТУ “Бучим” ДОО Радовиш и ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш повторно започнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција. 

По скоро двомесечна пауза, по поволната промена на пазарот на електрична енергија, рудниците се враќаат во редовен работен режим. Паралелно на ова, рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година, соопштуваат од двата рудника Бучим и Боров Дол.

“Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги започнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX)  ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците, за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите,” – изјави Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Препорачуваме:

Во Струмица се одржаа консултации за новата Национална стратегија за млади 2023-2027 (ВИДЕО)

Ване Трајков

Костадинов: Утре ја асфалтираме делницата Струмица – Дабиља

Ѓ. K.