• Sat. May 18th, 2024

Василево доби автобуска постојка-донација од АДИЕНТ

Денес, во населеното место Василево, беше поставена автобуска постојка, донација од компанијата АДИЕНТ, во која се вработени голем број лица од ова и од останатите места на општината. Постојката е поставена во центарот на населеното место, во непосредна близина на поштата. Локацијата е одредена од општина Василево и е во согласност со потребите на граѓаните и превозниците.

На поставувањето на постојката присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој изрази благодарност за соработката и го поздрави ваквиот чин на општествена одговорност од страна на една компанија.

„Ова е убав начин една општествено-одговорна компанија на практичен начин да ја покаже својата одговорност и грижа кон општеството и локалната заедница. Како локална самоуправа ја негуваме соработката со бизнис заедницата и на секој можен начин во рамки на нашите надлежности преземаме активности со кои би одговориле на нивните потреби и барање, со цел позитивен импакт врз  економскиот развој и благосостојба на граѓаните“, е ставот на градоначалникот Андонов во врска со денешната донација од страна на компанијата Адиент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *