Регион

Бројот на вакцинирани граѓани расте, колективен имунитет е можен до крајот на летото

Бројот на вакцинирани граѓани расте, колективен имунитет е можен до крајот на летото

Бројот на заболени како и на починати од последица од ковид 19 полека стивнува.Ако се вакцинираат околу 60 отсто од граѓаните, проценката е дека некаде до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет кај населението во земјава, оценува министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.

Според Филипче, на 15 мај се очекува нова количина вакцини од производителот Синофарм, а до крајот на мај и 500 илјади вакцини од производителот Синовак. „Приоритет е ставен на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или мејл со точно време и пункт каде треба да се јават“, изјави Филипче, додавајќи дека тоа значи оти и помлади ќе добиваат вакцина.

Препорачуваме:

Вандалското однесување продолжува да остава грда слика за Струмица

Ѓ. K.

Видео – Пожар кај ветерниците во Богданци, пожарната на терен но заради непристапност треба интервенција со канадери

Традиционален новогодишен концерт на гимназијата „Јане Сандански“ – Historia de un amor

Ѓ. K.