• Wed. May 15th, 2024

Бојан Димоски ја засили Академија Пандев

ByВане Трајков

Jul 29, 2020

Младиот 18 годишен Димоски  ќе биде дел од  екипата на Академци.  Во прашање  е  играч   квалификуван за неколку позиции меѓу кои најмногу се истакнува на местото последен играч за врска, односно во дефанзивниот дел од средениот ред.

Бојан Димоски беше дел од младинците на Вардар од каде во изминатите две сезони доби свое место во сениорската конкуренција. Поради финансијската криза  со која се соочува клубот од Скопје, младата фудбалска сила Димоски премина во редовите на тимот од Струмица.      

Стручниот штаб најави подмладување на тимот подмладувањето на составот настапи на сцена кога стави потпис на својот прв професионален договор.

Процесот на засилување во Академија Пандев го започна со потписот на Спасе Терзиев, бидејки Стручниот штаб најави подмладување. Истото продолжи со дефанзивецот  Никола Серафимов  кој помина неколку месеци во Чешка, а  на тимот се  приклучи и Марјан Радески кој пет сезони бил дел од редовите на Шкендија. Од  Радески се очекува во иднина да биде најголема закана за противничките мрежи.

Но, како што екипата запиша нови фудбалски имиња, така мораше со некои играчи да ја заврши соработката, како што е репрезентативецот Љупче Дориев.  Од наредната сезона Академија Пандев нема да може да смета на услугите од  8 играчи на кои  им истекоа  договорите.

На почетокот на овој месец тимот  ги  започна подготовките  и темпирање на формата на фудбалерите за новата првенствена сезона.

Досега Академија Пандев во одмерувањето на силите на теренот, во пријателските средби  издвои една победа против Осогово, а ремизираше со Силекс и Борец. Во нивното последно излегување на теренот го доживееја и првиот пораз од штипска Брегалница.             

Автор:  Елена Делева             

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *