• Sun. May 12th, 2024

Социјалните станови на „Ѓорги Василев“ сеуште ги чекаат новите станари

Министерството за транспорт и врски за година и половина два пати распишуваше оглас за социјалнио станови во Струмица и двапати го поништуиваше.Првиот оглас за 37 те станови воо новата зграда на излезот од градот беше распишан почетокот на февруари минатат година а јуни го поништи оти од 80 те пристигнати апликации само дваесет биле со комплетна документација.Граѓаните кои сакаа и ги исполнуваат критериумите за аплицирање чекаа нов повик.Новиот повик министерството за труд и социјална политика го распиша после цели 8 месеци, па така на 19 февруари година со корегирана категоризација распиша нов оглас.
Набрзо после вториот повик истиот беше повторно поништен. Образложение беше дека немало интерес. Само 20 апликации биле пристигнати во Центарот за социјални грижи во Струмица , а најголем интерес имало од самохраните родители.

Појанување имаше дека нема да биде коректно од страна на минсиетрството ако ги додели само тие станови , а ќе треба дополнитено да објавува оглас за само 17 стана. Па така не беа прифатени за важечки и оние 20 апликации кои ги исполниваат не само критериумите туку и имаат уредна документација.

Право на аплицирање имаат : Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родител; Корисници на правото на гарантирана минимална помош; Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно „Стратегијата за Ромите на Република Македонија“) Самохрани родители со малолетни деца.

Додека министерството за транспорт и врски реши кога повторно ќе го објави огласот , становите на „Ѓорги Василев “ ќе чекаат идните сопственици да комплетираат повторно нова документација , оти старата има важност само 6 месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *