Регион

Ботритисот постепено го зема данокот на производителите на домати

Ботритисот уништи дел од раноградинарските култури. Болеста која се појави на коренот предизвика штети кај доматите. Струмичките земјоделци велат дека причините се променливото време и високиот процент на влажноста во почвата. Дел од плодовите веќе се уништени, а според Велков оваа болест може да се прошири и на целиот насад.

Велков смета дека не постои никаква хемиска заштита за овој проблем. Доколку не се превземат одредени агротехнички мерки, раноградинарските култури можат да бидат нападнати и од други болести.

Иако годинава доматот е посаден на многу помала површина, Велков смета дека поради овие болести, производителите ќе претрпат големи загуби.

Препорачуваме:

Апел за помош за младиот Стојче Јовановски да застане на нозе

Ване Трајков

Дојранчани се’ уште трагаат по телото на исчезнатиот рибар

Верниците ја подготвуваат празничната трпеза- раздвижено во пазарите