Спорт

Беласица се засили со нови пет фудбалери за влез во Прва лига !

Струмичка Беласица се засили со пет нови фудбалери за пролетниот дел од  второлигашкиот шампионат.  На директниот ривал во ова натпреварување –  Брегалница му ,,зеде,, дури тројца фудбалери кои во продолежнието место во Штип ќе заиграт на стадионот Младост,

Станува збор за  Горан Здравков, еден од најдобрите фудбалери на штипјани, кој имаше добри настапи и во Првата лига а со него во Беласица дојдоа односно се вратија Александар Василев и Томе Јанев кои есенва настапуваа за Брегалница.

Дресот на струмичките сино бели пролетва го облекуваат и голманот на Пелистер, Томе Пашовски, како и прилепчанецот кој игра крило Мартин Мирчески.

Беласица е лидер во Втората фудбалска лига исток со само еден пораз и е на добар пат да се најде во фудбалската елита

 

 

Препорачуваме:

Фото: Астраионци не се посрамотија во Прилеп – Гогов избран за најдобар голман, Јанковски за лево крило

Ване Трајков

Куп на Македонија во одбојка: Струмица против Штип УГД за трофејот

Ѓ. K.

Талентираните Ристов и Љушев се нови членови на Кожув

Ѓ. K.