Спорт

Талентираните Ристов и Љушев се нови членови на Кожув

Талентираните Павел Ристов и Давид Љушев се нови членови на македонскиот второлигаш Кожув.

Ристов кој ја покрива позицијата игра за врска доаѓа во Гевгелија од тимот на Тетекс, а претходно има настапувано за Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Љушев пак е дефанзивец кој се снаоѓа како десен бек и стопер. Во досегашната кариера има играно за Работнички и Вардар.

Претходно Кожув ги потврди ангажманите на Антонио Столески и Даниел Иванов што значи „црвено-белите“ полека го формираат тимот за натпреварувачката 2023/2024.

Тимот од Гевгелија заврши на 9. позиција во минатата сезона.

Препорачуваме:

Женскиот фудбал има огромен потенцијал-интервју во емисијата Вис спорт

Сузана Мицева

Струмица славеше значајна победа против Охрид

Ване Трајков

По првиот бараж, Академија Пандев и Хоризонт Турново блиску до Втора лига

Ване Трајков