Спорт

Беласица против Скопје за Прва лига

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепката за бараж натпреварите за пополнување на последните две места за идната сезона во Првата македонска фудбалска лига – ПМФЛ

Екипите на Тиквеш и Скопје го бранат прволигашкиот статус од Воска Спорт и Беласица кои беа второпласирани во вторите лиги. Среќата посака во баражот да се судрат Тиквеш против Воска Спорт, додека Скопје оди на мегдан со Беласица. 

  • Бараж парови за пласман во ПМФЛ:

Воска Спорт – Тиквеш
Скопје – Беласица

Ќе се игра еден бараж натпревар, победникот следната сезона ќе биде прволигаш, а дуелите се закажани за в недела (22 мај) со старт во 17:00 часот.

Пресметката на Воска и Тиквеш е закажана за на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, додека Скопје и Беласица ќе играат на „Градскиот стадион“ во Штип. 

Препорачуваме:

И годинава во Василево турнир во мал фудбал вреден 200 илјади денари – почна пријавувањето !

Официјално – Јани Атанасов потпиша за зелените крокодили, четири години во Брусаспор

Ване Трајков

Видео – Академија Пандев поразена од Зрински од Мостар во ЛЕ

Ване Трајков