Регион

Бебе од 37 дена, најмладата жртва од ковид-19 во Грција

Бебе од 37 дена е најмладата жртва од ковид-19 во Грција.

Откако помина 17 дена приклучено на апарати на интензивна нега во детска клиника, а синоќа ја загуби битката за живот.

Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.

По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот.

Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.

Препорачуваме:

124 медицински лица од Гевгелија се пријавиле за вакцина

Сузана Мицева

Младите си одат од земјава оти немаат работа и можности за напредување

Ќе остане ли струмичко без лозови насади од ненавремените заштитни мерки на лозарите