Бебето од Дојран нема вирус Зика ниту микроцефалија, објави на својот фејзбук профил градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.
Стамов преку статус ја информираше јавноста дека контактирал со родителите на тримесечното бебе кои соопштиле дека се стигнати резултатите од истражувањето и истото покажало дека бебето не е заболено од опасниот вирус, како што се сомневаа од Детската клиника во Скопје.