Македонија

Бачовски: Исплатени 512,5 милиони денари субвенции за повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 23.524 субјекти исплати над 512,5 милиони денари на име субвенции. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на следните мерки :

„Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот. И за оваа мерка исплатени се 411,5 милиони денари. На сметките на малите земјоделските стопанства кои се дефинирани според историски плаќања за претходните три години исплатени се 54,5 милиони денари. Додека кај сите кои имаат заклани амортизирани несилии во регистриран кланичен капацитет исплатени се над 46 милиони денари. “ преку соопштение информира Бачовски.

Препорачуваме:

Бектеши: Забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 април

Советот за безбедност во сообраќајот апелира до возачите да ја намалат брзината

Панчевски: „Како партал ме избркаа од канцеларијата“

Сузана Мицева