• Sat. May 18th, 2024

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Без поголеми проблеми Македонија Макс дојде до победата против Пелистер Волеј во рамките на шестото  коло од Првата женска одбојкарска лига. За час и 15 минути  струмичанки  славеа со 3:0 во сетови ( 25:23. 25:19. 25:17) против гостинските од Битола.

Битолчанки се заканија единствено во првиот сет пред се заради  ,,лежерниот,, пристап на домакинките. Сето останато беше само рутина за избраничките на Зоран Јанков кој ја остварија 4 победа за зацврстување на третата позиција во женскиот шампионат.

Снимка од овој дуел можете да гледате вечерва во 22,30 на програмата на Канал ВИС

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *