Македонија Регион

Николовски: Преку новиот повик од ИПАРД 2 го развиваме најмоќниот дел на економијата, малите и средни претпријатија

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави најавата за јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата.

Согласно процедурите од Европската унија,  во овој триесет дневен подготвителен период на сите оние земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат, а ги исполнуваат условите, им се дава можност да ја  подготват потребната документација за аплицирање на новиот повик.

– Заинтересираните ќе можат да аплицираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, колачи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, како што се радио или локална телевизија, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција  ќе им бидат вратени на апликантите преку  средствата од ИПАРД 2 Програмата.Расположливите средства за овој повик се очекува да бидат помеѓу 8 и 10 милиони евра“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Мерката 7  овозможува кофинансирање на инвестиции за: Алтернативно земјоделско производство, Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции: Производство на не-прехранбени производи, Занаетчиски дејности, Обезбедување на услуги во земјоделството, Развој на услуги за руралното население и Промоција на руралниот туризам.

Николовски и Бабовски посочија дека токму преку оваа Мерка „Диверзификација на фармите и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на најмоќниот дел на економијата, а тоа се малите и средни претпријатија кои се моторот на домашната економија. МЗШВ во наредниот период преку сите мерки и политики ќе создава поволна бизнис клима за раст и развој на домашната економија, а еден од начините е токму ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата.

Препорачуваме:

БОНУС ИГРА ЗА ONLINE УЧЕСНИЦИТЕ НА ЛОТО 7 И ЏОКЕР

Одложените кредити предизвик за граѓаните и компаниите

Пендаровски од Богданци: Овој регион прв ќе ги почувствува придобивките од договорите со Бугарија и Грција

Сузана Мицева