Регион

Општина Струмица организираше прием за клубовите кои донесоа титули – оцениле дека нема потреба од присуство на медиуми

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски деновиве изврши прием на преставници од двата струмички клуба кои ја одбележаа последната првенствена спортска сезона за струмичкиот спорт освојувајки титули. Завчера ги прими одбојкарите на Џио Струмица кои ова сезона ја освоија двојната круна а денес преставници од Академија Пандев кој ја освои КУП титулата и изборија пласман во фудбласка европа денеска.

Но и на двете средби немаше медиуми, кои за средбата дознаа од ФБ статусите на општината.Во двата ФБ статуса кои потоа препратени до меидумите и беа објавени и на официјалната веб страна на општината стои дека градоначалникот Коста Јаневски им го честитал успехот на двата клуба и се разговарало за актуелните состојби во клубовите и идните планови и можностите за поддршка од општина Струмица.

Канал ВИС како медиум не беше повикан ниту на двете средби. Дознаваме дека не биле повикани и останатите медиуми кои го копираа ФБ статусот на општината и ја објавија како информација. Одговор побаравме од општината – зошто не се повикани медиумите  и за што конкретно се разговарало на двете средби. Одговор побаравме и со колку средства ги помага општината овие два клуба кои донесоа титули  и уште еднаш ја извишија Струмица како спортски град

,,Општина Струмица го користи правото на организирање на настани и нивно презентирање во јавноста врз основа на сопствена и проценка со останатите учесници во настаните. Имајќи в предвид дека во изминатите денови, успесите и на двата клуба беа медиумски промовирани, Службата за односи со јавност на општина Струмица, оцени и двата приема на градоначалникот Коста Јаневски со претставниците на Џио Струмица и Академија Пандев да ги покрие со техничка вест и фотографии и да ги испрати до медиумите. За двата настана немаше планирано присуство на новинари, па затоа не беше поканета и спортската редакција ТВ Канал Вис,, информираа од општината од каде уште еднаш истакнаа дека средбите поминале во спортска и опуштена атмосфера

Од општината не прецизираа што конкретно се разговарало а на прашањето со колку пари ги подржува двата клуба кои освоија титули. Одговорија дека дополнително ќе соопштат.

Препорачуваме:

Денеска нова цена на горивата

Стојне Митева

Обвинителството се предомисли: Случајот на Јован Витанов не бил затворен

Сузана Мицева

Барања за субвенции во земјоделството за 2020 се поднесуваат до 30 септември

Стојне Митева