• Sat. May 18th, 2024

ЈП Комуналец склучи договор за набавка на услуги за подигање смет

ByВане Трајков

Nov 29, 2019

Станува збор за договор со фирмата Дасмак од Струмица која во наредните 12 месеци ќе биде ангажирана за собирање и транспрот на отпадот од физичките и правни лица од општина Струмица . Како што вели директорот на Комуналец Зоран Ѓоргиев станува збор за фирма која ќе се ангажира по потреба бидејки работата за собирање на сметот е зголемен со  организираното собирање и по населените места а често се соочуваат со дефекти на камионите со кои се собира и транспротира отпадот

Висината на склучениот договори изнесува околу милион и 200 илјади евра за период од една година. Ѓоргиев вели дека тоа е максималната граница со оглед дека на економскиот оператор ќе му се плати онолку колку ќе биде ангажиран по денови што не значи дека ќе биде искористена целата набавка

Според директорот на Комуналец не станува збор за никакво отстапување на ова дејност на приватен оператор ниту пак ке има повисоки цени за оваа услуга. Склучувањето договор е во финкција на квалитетно и навремено собирање на отпадот од општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *