• Sat. May 18th, 2024

Раздвиженост за Black Friday по струмичките трговски дуќани

ByВане Трајков

Nov 29, 2019

Денешниот ден пред трговските дуќани во Струмица наликуваше на пазарен ден. Голем број граѓани уште во раните утрински часови се упатија по продавниците за да ги набават потребните апарати со попусти за Black Friday. Едни разгледуваа други се интересираа а трети купуваа со цел да се искористат бенефитите што ги нудат комапниите

Тони Костов од Риверсофт кој со денешниот ден ги најави и попуситте за престојните празници вели дека цените не биле претходно надуени туку со транспарентност ан компаниите во секој момент може да се видат актуелните цени но и попуситте што се нудат. Така тоа не го сметаат како маркетиншки трик

Дел од компаниите огромни попусти не нудат само денеска туку и за викендот. Дел од компаниите како Разнопромет АС во интерес на потрошувачите намалување на цените ќе понуди и за време на викендот но и престојните новогодишно божиќни празници

Black Friday е акција насекаде во светот со што компаниите ги најавуваат празничните попусти на својот асортиман а вакви акции во земајва почнаа да се воведуваат од пред некоја година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *