Спорт

Ѓоко Хаџиевски си замина од Беласица

Стратегот на струмичките сино бели Ѓоко Хаџиевски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Беласица. Реши да се повлече од функцијата во заеднички договор со управата на струмичани откако на последните две домашни средби против Силекс и Победа синобелите освоија само бод. На тој начин тие останаа во опасната зона и си ја компликуваа битката за опстанок

„Мислам дека после овие два натпревари во кои не успеавме да победиме, не можам повеќе да придонесам за целите на Беласица во оваа сезона. Затоа во договор со сопственикот решив да се повлечам од тренерската позиција и комплетно од клубот. Беласица се уште има реални шанси за да обезбеди опстанок, можеби оваа промена ќе придонесе тимот малку да се размрда во позитивна насока“, изјави Ѓоко Хаџиевски

Препорачуваме:

Клупскиот автобус на Брера Струмица со нов лик – изгледа светски!

Ѓ. K.

Горан Попов – Позитивното лошо момче – документарец на Холандска ТВ

Ване Трајков

Струма Геотермика со убедлива победа против Брегалница во Делчево, тренерите не се задоволни од играта на првиот тим