• Fri. May 17th, 2024

Шест кривични за дрвокрадци од Југоистокот во првата половина од годинава

Шест кривични пријави за дрвокрадци поднел Секторот за внатрешни работи од Струмица во првата половина од годинава. За исто толку сторени кривични дела ќе одговараат десет сторители. Од нив полицијата од сите станици кои ги покрива Југоистокот, запленила околу 39,5 кубни метри огревно дрво, информираат од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека во овој период не се евидентирани кривични дела за пустошење на шуми.

Истовремени, во овој период, струмичката полиција презела три акциски контроли во координација со екипи на министерството за земјоделство.

На ниво на Македонија, Само минатата година  евидентирани биле 206 кривични дела по основ на кражба на дрва или пустошење на шуми со кои беа опфатени 243 сторители против кои севкупно беа поднесени 174 кривични пријави, соопшти на конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од министерствот за земјоделство, велат дека шумите во Македонија уживаат посебна заштита согласно Уставот и тоа е примарна цел на државата, но пожарите, нелегалната и нерегистрираната сеча се голема закана по шумските ресурси, а често се поврзува со транснационалниот организиран криминал, со дефектите во институционалните контроли и неефективните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *