• Sat. May 18th, 2024

Градот ги сотре посевите во гевгелиско Негорци – штетите да се пријават до петок 27 јули

ByВане Трајков

Jul 24, 2018

Вчерашното невреме проследено со силен ветар и град во големина на лешник ги сотре посевите во Негорци гевгелиско. Денеска на терен излезе и градоначалникот на Гевгелија Сашко Поцков

,,Денес извршивме увид на состојбата во Негорци после вчерашното невреме. Градот и силните ветрови предизвикаа значителна штета на земјоделското производство. Комисијата за проценка на штети денес излегува на терен за првично согледување на состојбата. Сите граѓани кои претрпеа штети од невремето можат да пријават штета до петок (27 јули) во општинските канцеларии во населените места или директно во Општината,, напиша Поцков на ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *