• Fri. May 17th, 2024

Шампионот Струмица ,,гази”, пет натпревари и пет победи без изгубен сет – Надиграна и Шутова

ByВане Трајков

Nov 26, 2018

Бранителот на двојната круна од ланската одбојкарска сезона, одбојкарите на Џио Струмица не знаат за пораз.  Славеа и во петиот првенствен меч од Првата машка одбојкарска лига на Македонија. На гостувањето во Кичево избраниците на Кире Ричлиев  го  надиграа домашниот состав со 3:0 во сетови (25:17, 25:16, 25:19)

Струмичани според информациите во текот на целиот меч имале контрола на резултатот против Шутова кој со максимални сили се обидувал да дојде до освојување на сет но четата предводена од најодбојкарскиот град не дозволиле изненадувања.

Шампионот Џио Струмица е лидер во прволигашкото друштво со пет победи и ниту еден изгубен сет. На своето конто имаат 15 бода три повеќе од Универзитет Тетово

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *