• Fri. May 17th, 2024

ЦУК доби теренско возило за ноќни операции со кое ќе открива шумски пожари

ByЃ. K.

Oct 12, 2023

Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку проектот за ефикасно откривање и управување со шумски пожари, доби теренско возило опремено со ИКТ за ноќни операции.

Возилото е планирано да биде поврзано со дроновите и со Командниот центар во Струмица преку GPS.

Според ЦУК, развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа, ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија што ќе придонесе за рано предупредување на ризик од катастрофи од шумски пожари.

Преку реализирање на проектот за рано откривање пожари и нивно движење за превенција и справување со катастрофи „еФИДАР“, со финансиска помош од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Македонија, 2014 -2020, денеска во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше реализиран прием на теренско возило опремено со информатички комуникациски технологии (ИКТ) за ноќни операции.

Врз основа на надлежностите и задачите, како и следење на состојбите со пожари, општата цел на проектот е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни алатки (ИКТ) со цел зголемување на подготвеноста и размена на практики меѓу двете земји, информира ЦУК.

By Ѓ. K.